27 февруари, 2017

Бојан Митановски и Деби Томпсон со нов проект „Мисд нитс“

„Мисд нитс“ (Missed Knits) е насловот на новиот проект на Бојан Митановски, познат за македонската јавност како басистот на групата „Водолија“, и вокалистката Деби Томпсон. Дуото деновиве го објави првото видео од овој проект за темата насловенаA Man.

Томпсон е авторка на текстот и свири на акустична гитара, додека Митановски беше задолжен за снимањето, миксот и продукцијата на песната, во која на тапани гостува Алпин Поп Николов.За видеото, пак се погрижи камерманот Маци Стојановски, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

Дуото претходно го објави и синглот „Starry eyed“.



Врати се горе ↑