4 ноември, 2016

Бојан Маровиќ се враќа со „Пусти ме“

Црногорската поп ѕвезда Бојан Маровиќ го претстави својот нов сингл и видео запис насловен „Пусти ме“, кој е прва нова песна после оние од  неговиот последен албум „За тебе и мене“, издаден пред повеќе од три години

И овој пат самиот Маровиќ е автор на музиката и текстот, додека за аранжманот, програмирањето, миксот, придружните вокали и гитарските делници се погрижил неговиот стар другар и соработник од Белград, Душан Алагиќ, во чије студио „Алагиќ у ноќи“ е и снимена песната. Мастерингот му е доверен на Страхиња Ѓуриќ, а покрај Маровиќ и Алагиќ, како женски придружен вокал се јавува и Светлана Вуковиќ.

За песната „Пусти ме“ веднаш беше снимен и видео запис во реализација на „Екс вижуал ентертејнмент“ (xVisual entertainment), а во него покрај самиот пејач се појавува и моделот Мина Радовиќ – Ѓиа. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑