Балкан

6 јуни, 2018

Бојан Маровиќ се враќа со „Као да си ту“

По кусото отсуство од музичката сцена, црногорската ѕвезда Бојан Маровиќ неодамна го објави повратничкиот сингл насловен „Као да си ту“. Станува збор за уште едно авторско дело на самиот Бојан, чиј потпис стои на музиката и стиховите, аранжманот го направи Страхиња Ѓуриќ, а сето тоа е снимено во студиото на познатиот продуцент и гитарист Душан Алагиќ во Белград.

„На новата песна работевме долго и искрено се надевам дека луѓето ќе ја засакаат и прифатат“, изјави Бојан при неговата минатонеделна посета на Скопје заради завршната реализација на видеото, кое го изработи екипата на продукцијата „Генерал“ на нашиот режисер и уметнички фотограф Дарио Јанковиќ. Тој ја потпишува и режијата, а монтажата е на Елвис Дурмишовски.

Во видеото снимено на падините на Златибор, покрај Бојан се појавуваат и неговиот брат, фудбалерот Борис Маровиќ, моделот Нина Јовановиќ, а тука е и миленичето на познатите браќа, питбулот Перла. Како изгледа и звучи сето тоа, дознајте во продолжение. Уживајте!

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑