Балкан bojan-marovic

23 септември, 2013

Бојан Маровиќ се сели во Македонија?

Црногорскиот пејач Бојан Маровиќ се сели во Македонија, пренесува МММ. Тој деновиве ја задолжи својата македонска менаџерска екипа да му најде стан под кирија во централното градско подрачје на Скопје, за да може подолго да престојува во нашата земја. Харизматичната црногорска поп ѕвезда на ваков чекор се решил по одлуката од Белград (каде што до сега живееше и студираше) да се префрли на Штипскиот универзитет, каде на музичката академија треба да ги даде последните два испити и завршната дипломска работа.

Со овој потег несудениот виолончелист ќе биде почесто на подолг престој во Македонија, а со тоа и поблизу до своите овдешни фанови, особено оние од понежниот пол кои секогаш се и најбројни на неговите концерти.

Веќе во текот на оваа недела Маровиќ ќе престојува во Скопје и Штип за да ги регулира својот престој и поединостите околу своето академско школување, но и медиумски да ја промовира својата најнова песна „Бичеш моја“ (Ќе бидеш моја), која се појави деновиве како прв пилот сингл што ќе го најави неговиот нов албум кој треба да се појави до крајот на годината. На новото CD не е исклучено да има и една песна која ќе биде отпеана на македонски јазик.

Новиот видео запис можете да го погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑