8 октомври, 2013

Бој Џорџ претстави нов сингл и најавува нов албум

Познатиот британски музичар Бој Џорџ деновиве без никаква најава го претстави својот нов сингл „King Of Everything“, со кој го најавува неговиот деветти студиски албум „This Is What I Do“, кој ќе стигне веќе на 28-ми октомври и ќе го наследи „Ordinary Alien“ од 2010 година.

52-годишниот музичар во изминатите децении имаше сериозни проблеми со различни зависности, но и со законот, па своето време често го поминуваше на рехабилитација, а понекогаш и во затвор. Но, и покрај сè, поранешниот член на Калчр Клаб сепак најде време да подготви и да нè изненади со нов материјал, а како звучи и изгледа воведот во новиот албум можете да видите горе.



Врати се горе ↑