Настани

16 јануари, 2018

Богата роденденска програма во МКЦ

Откако во декември го прослави 45. роденден, МКЦ традиционално ќе ја започне годината со уште една роденденска прослава, која ќе се одржи на 18 јануари. Во рамките на богатата програма ќе биде поставена изложбата на фотографии „Гледај во позитив“, Наке Батев ќе се престави со фотографии на тема „Втора шанса“, Томислав Георгиев со „Effegies“ и Огнен Теофиловски со „И јас имам сон“.

Во „Џебно кино“ ќе може да го погледнете „Каде одат претставите што не се случуваат?“, авторски проект на Драгана Гунин, единствениот изведувач во перформансот. Перформанс посветен на претставите што не се случиле, гледано низ призмата на театарски режисер и влијанието на политичката ситуација во работата. Во кино „Фросина“, како и секоја година ќе се одржи поетскиот перформанс „Песнило“, на кој ќе видиме млади поети (да видиме до каде е и што прави младинава денес), кои ќе ги трпат ѓурултиите на Иван Шопов.

Музичката програма, пак, која ќе се одвива во салата „25 мај“, ќе биде исполнета со настапи на легендарните „Обојени програм“, домашните „Милко“ и „Локал блу“, како и младиот белградски состав „Визељ“, а во бифето на МКЦ ќе има целовечерен сет на сериозна диџејска екипа собрана под името „Фанки фреш“.

Повеќе детали за настанот на Фејсбук.



Врати се горе ↑