Настани vinoskop

23 септември, 2015

Богата музичка програма за „Вино-Скоп 2015“

Деветти пат по ред во Скопје од 30 септември до 4 октомври ќе се одржи фестивалот во чест на виното – „Вино-Скоп 2015“. Покрај големата понуда на вина и деликатеси, пет дена ќе имаме можност да уживаме и во богата музичка програма. Ќе слушнеме шлагери, рок, популарна музика, филхармонија со преработки на светски хитови, реге, ирска музика, џез, блуз, руски традиционални песни, македонски хитови, фолк, етно, ска, самба, труби…

За да биде што повесело на „Вино-Скоп“ ќе се погрижат: Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Сара Мејс, Миле Кузмановски, „Куку леле“, „Ај кју“, „Чил плеј“ (Chill Play), „Брас брадрс“ (Brass Brothers), Тони Зен и „Флека“, Лозано, Тијана Дапчевиќ, „Суперхикс“, Ристо Самарџиев, Тајзи, „Бета хаус“, „Самбанса“, „Коверленд“, „Калевала“, Влатко Илиевски, Филип Џез Квартет, „Крозроуд блуз бенд“, диџеј Славе, диџеј Тина, „Кепурдат“, „Роверс хенгоувр“ (Rover’s Hangover), „Д хаундс“ (The Hounds), „Караваниа“, Дејан Цукиќ (екс Бајага и Инструктори) и други.

„Вино-Скоп 2015“ – градска приказна која уште долго ќе се прераскажува!
 


Врати се горе ↑