Настани

19 септември, 2016

Богата музичка програма за „Преспански јаболкобер 2016“

Општина Ресен ја продолжува традицијата и овој пат од 23 до 27 септември оваа година сите патишта ќе водат во Ресен! Преспанчани со децении наназад бербата на јаболката ја започнуваат на Крстовден и по тој повод прават голема прослава!

Во бериќетниот септември, плоштадот во Ресен се претвора во место каде што можете да ги видите и чуете најголемите ѕвезди на македонската поп и народна естрада. Годинава таму ве очекуваат Ефто Пупиновски, Елена Велевска, „Персиди“, Миле Кузмановски кои ќе настапат на 23 септември, додека на следниот ден, на 24 септември ќе настапат Тања Царовска, Даниел Кајмаковски и „Суперхикс“.

Кој ќе пропушти – ќе се кае! На Крстовден – кај и да си, во Ресен да си!

14212066_10207972606288817_2613937507658793774_n



Врати се горе ↑