Настани vinski festival jpg

5 мај, 2015

Богата музичка програма на „Пролетниот вино фест“ во „Веро центар“

Подготовките за престојниот „Пролетен вино фест“ се веќе завршени, а од организацијата ги открија и музичките имиња кои ќе настапат од 6 – 10 мај кај „Веро центар“.  Покрај сортните вина и деликатесната храна, посетителите секојдневно ќе имаат можност да уживаат во музика за сечиј вкус. На отворањето во среда, свој настап ќе имаат енергичните „Хаундс“ (The Hounds), кои се познати по одличните кавер верзии на македонски песни, но и по неколку авторски песни, а веднаш по нив ќе настапи гостинот од Црна Гора- Бојан Маровиќ, чии песни одлично „лизгаат“ со добро вино.

 

Во четврток свое големо концертно враќање на сцената ќе доживеат култните „Ласт експедишн“, еден од најдобрите македонски бендови на сите времиња, а пред нивниот концерт ќе настапат „Кросроуд блуз бенд“ и охридските рокери „Бекдор бенд“.

 

Петокот е резервиран за македонска музика, па ќе ги слушаме Бета Хаус“,  Миле Кузмановски и за крај Жаре Бербер.

 

На 9 мај, во сабота, на „Пролетниот вино фест“ публиката ќе ја забавуваат „Летечки пекинезери“, Нина Јанева & 2 Exit и маестро Игор Џамбазов.

Последниот ден на фестивалот ќе се заокружи со македонска етно музика со бендот „Калевала“, но и со еден нов проект „Каверленд“, чијшто вокал е победничката на „Макфест“ – Александра Јанева, а она што го прави овој бенд поразличен од другите е тоа што музицираат на инструменти кои најчесто се користат во класичната музика. Од менаџментот најавуваат дека ова ќе биде едно од најголемите изненадувања за посетителите на „Пролетниот вино фест 2015“.
Целосната програма може да ја погледнете во продолжение:



Врати се горе ↑