Концерт AllV1

3 септември, 2015

Богата концертна есен во Македонија

„Авалон продукција“ со огромно задоволство најавува дека во наредните два месеци (октомври и ноември) ќе организира четири големи концерти, со кои ќе се обезбеди културна есен каква што имаат сите големи европски градови.

„Овие  четири концерти претпоставуваме дека ќе го задоволат вкусот на голем дел од оние луѓе кои сакаат да слушаат квалитетна музика“, велат од продукцијата, која во јуни за првпат во Скопје ги донесе и мегаѕвездите „Уан репаблик“!

Есенската концертна сезона на „Авалон“ започнува на 16 октомври со Мориси, веќе следниот ден на ред се експлозивните „Апокалиптика“, на 30 октомври ќе уживаме со Ѓорѓе Балашевиќ, а на 25 ноември нè очекува вистинско доживување со легендарните „Вајтснејк“.

– MORRISSEY – 16 октомври – СРЦ Кале
– APOCALYPTICA – 17 октомври – СРЦ Кале
– БАЛАШЕВИЌ – 30 октомври – СЦ „Борис Трајковски“
– WHITESNAKE – 25 ноември – СЦ „Борис Трајковски“

Влезниците се веќе во продажба преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com



Врати се горе ↑