Видео

13 јули, 2018

„Бог е жена“, тврди Аријана Гранде во новиот сингл

„God Is а Woman“, или „Бог е жена“, е насловот на вториот официјален сингл на Аријана Гранде, со кој пејачката го најавува својот нов албум што ќе го наследи „Dangerous Woman“ од 2016 година. Песната стигна заедно со визуализација во режија на веќе редовниот соработник на Гранде, режисерот Дејв Мејерс, кој вметна и извадок од монолог на Мадона.

Како и самиот наслов, песната има и провокативен текст, кој го потпишува самата пејачка, во соработка со шведските хитмејкери Макс Мартин, Илја и Котеча. Промовирајќи го новиот материјал, ѕвездата неодамна открила дека токму оваа тема ѝ е омилена на нејзината баба, како и целиот албум е мошне биографски и инспириран од нејзините искуства во изминатите две години.

Освен најавниот сингл No Tears Left To Cry, Гранде претходно ја објави и соработката со Ники Минаж за „The Light Is Coming“, а гостуваше и во нејзиниот сингл „Bed“ и во Dance To This на Трој Сиван. Новиот, 4. по ред студиски албум на Аријана Гранде ќе го носи насловот „Sweetener“ (Засладувач) и ќе излезе на 17 август.



Врати се горе ↑