Настани

9 август, 2016

Боби со хуманитарен концерт во Охрид за помош на настраданите од поплавите

Откако главниот град беше погоден од силно невреме, а поплавата однесе над 20 човечки животи, помош за настраданите пристигнува од сите страни. Во повеќе градови во Македонија, во соработка со Црвен крст се организираат и бројни хуманитарни акции, а дел од познатите пејачи веќе закажуваат и хуманитарни концерти.

Утре, во кафулето „Шила“ во Охрид, хуманитарен концерт ќе одржи популарниот охриѓанец Боби Мојсовски, кој ќе настапи со својот бенд. Настанот е со почеток од 20.00 часот, а влезниците се по симболична цена од 100 денари.

Хуманитарен настан се одржа и вчера во центарот на Прилеп, каде што свиреше познатиот прилепски бенд „Д хаундс“, а според објавата на групата, собрани се околу 60.000 денари парична помош, 4 тони вода, 50 кг храна, и 23 пакети за хигиена.

хаундс

Деновиве и голем број на граѓани самостојно се организираа и направија пунктови на повеќе локации, каде собираа помош за поплавените. Активисти ги користат социјалните мрежи за подобро организирање и координација на активностите. Отворена е интерактивна мапа за Пунктови за донации.

Најпотребни производи за настраданите се конзервирана храна, храна за бебиња и пелени, вода за пиење, средства за хигиена и средства за дезинфекција, како и финансиски средства. И понатаму е во употреба телефонскиот број 143 400, кој важи за сите мобилни мрежи и каде што со еден повик донирате 100 денари.

13895368_1050394698401996_3565995879521853683_n

 



Врати се горе ↑