24 март, 2017

Боби Павловски бара „Само една ноќ“ со неа

„Само една ноќ“ е насловот на новата песна и спот на македонскиот пејач Боби Павловски, кој преку социјалните мрежи и интернет каналот Јутјуб го промовира својот музички новитет. Музиката на песната ја потпишува Лазар Цветкоски, текстот е на неговата сестра Магдалена, а како придружни вокали нумерата ја надополнија Влатко Лозаноски, Лазар и Магдалена Цветкоски.

Видеото е дело на Дејан Ѓоргиев и продукцијата „Арт студио“, а главните улоги им припаднаа на Стефан Лазарев и Викторија Луческа. Како изгледа и звучи „Само една ноќ“ можете да погледнете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑