30 декември, 2016

Боби Мојсовски Ви ги честита празниците со „Насмевка“

Синглот „SMILE“, во изведба на Боби Мојсовски, беше претставен на самиот почеток на годинава, а сега, на само еден ден од крајот на 2016, конечно доби и свое видео издание. Текст го напиша Марија Филева Стоев, музиката е на младиот талентиран гитарист Мартин Милески, а аранжманот е на Димче Китрозоски.

„’SMILE’ е музички проект кој настана како соработка со стоматолошката ординација ’Д-р Сашо Стоев’, со цел да се подигне свеста за насмевката и важноста на позитивната енергија. Навистина ми е мило што бев дел од овој тим и се надевам дека синглот ќе ви донесе насмевки и позитивна енергија каква што будеше во мене кога ја снимав оваа песна“, изјави Боби, честитајќи ги новогодишните и божиќните празници, а како изгледа екранизацијата на неговата „Насмевка“ можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑