Аудио

29 јуни, 2017

Боби Мојсовски со летен хит во „Право време“

Непосредно по одличната соработка со хрватскиот хитмејкер Тончи Хуљиќ, нашиот Боби Мојсовски нè почести со нов летен хит. Станува збор за темата насловена „Право време“, чии стихови се дело на самиот Мојсовски, музиката и аранжманот ги потпишува неговиот пријател и долгогодишен композитор Јован Василевски, кој ги напиша и претходните теми „Јас и ти“ и „Погледни во мене“, а свој придонес за звукот имаа и Никола Автоски, Гоце Симоноски и Миле Ѓорѓевски.

Песната изобилува со енергија, ритам и страст кои ќе ве раздвижат во летните денови, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑