18 мај, 2017

Боби Мојсовски како специјален гостин во Варна, Бугарија

На 14 мај во Варна, Бугарија се одржа меѓународниот фестивал „Откритие“, на кој македонскиот пејач Боби Мојсовски беше поканет да присуствува како специјален гостин заедно со многу други изведувачи ширум светот. Во 2011 година, на овој фестивал Боби го освои Златниот клуч за Најдобра вокална интерпретација и трето место за најдобра песна.

18556682_10154376456126644_4428689427786011068_o

Како единствен претставник на Република Македонија, Боби се претстави со неговите авторски синглови „Те краде тој“ и „Погледни во мене“, а на барање на публиката ја испеа и „I Want It All“ од безвременската група „Квин“ (видео горе).

18491487_10154376456211644_4602765928998192459_o

На неговиот официјален профил и фан страница можете да слушнете дел од неговата изведба и како што пишува, наскоро ќе бидат поставени и целосните снимки од фестивалот.



Врати се горе ↑