13 јуни, 2017

Боби Мојсовски и Тончи Хуљиќ го претставија дуетот „Ја би да сан опет мали“

Нашиот Боби Мојсовски и хрватскиот хитмејкер Тончи Хуљиќ со неговиот бенд „Мадре бадеша“ (Madre Badessa) вчера го претставија видеото за својата соработка насловена „Ја би да сан опет мали“. Промоцијата започна на хрватскиот ТВ канал Це-Ем-Це (CMC – Croatia Music Channel), еден ден по промоцијата на истоимениот сингл на фестивалот „Це-Ем-Це“ во Водице, Хрватска.

„Синглот зборува за безгрижните и убави денови од нашите детства, за љубовта, среќата и време кога секој ден ни беше исполнет со радост. Зборува за тоа како на денешниот свет му треба повеќе од таа невина љубов која секое дете ја има. А овој видео запис има хумористична содржина. Ќе ве насмее, расположи и ќе ви го исполни денот со позитивна енергија“, вели Боби.

По овој сингл, Боби напомена дека следат уште многу планови и соработки со Тончи, еден од најпознатите хитмејкери на овие простори, познат по хитовите на „Магазин“, Оливер Драгојевиќ, Данијела Мартиновиќ, Петар Грашо, Јелена Розга и тн., а како звучи оваа прва соработка на познатите музичари можете да видите и слушнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑