Аудио 12687826_1005255712853503_6155678959688868783_n

15 февруари, 2016

Боби Мојсоски вели „Нисам те због лепоте волео“

Неодамна, на неговата официјална страна, македонскиот пејач Боби Мојсоски изјави дека работи на нов сингл кој ќе биде дел од неговиот прв албум кој го најави за август или септември оваа година и ќе се состои од околу 13 песни.

Додека сме во исчекување да го слушнеме новиот материјал, Мојсоски, заедно со неговиот композитор, маестро Јован Василевски на пијано ни подаруваат преработка на хитот „Нисам те због лепоте волео“ на Жељко Јоксимовиќ. Да потсетиме дека македонски тим стои позади оваа песна на балканската мегазвезда – текстот го напиша Магдалена Цветкоска, а музиката и аранжманот на оригиналот се на Лазар Цветкоски.

 



Врати се горе ↑