Македонија Bobi koncert4

5 јуни, 2013

Боби Мојсоски по трет пат ќе гостува во Белорусија

Полека, но сигурно, Боби Мојсоски го освојува источниот пазар. Веднаш по освоеното Гран-При на светскиот интернационален фестивал „Славјански Базар“ во 2012, Боби настапи на првиот рок концерт со Претседателскиот Оркестар на Белорусија, договорен од неговиот менаџер Марјан Катаровски. Со енергичен, впечатлив и моќен настап, Боби ги собра аплаузите на многубројната публика во „Дворецот на Републиката“ во Минск. Тој беше главна ѕвезда на концертот, настапувајќи со 9 нумери. Изразувајќи го огромното задоволство организаторите неколку месеци подоцна закажаа и втор концерт.

И на овој концерт, Боби изведе најголем број на нумери (8 рок хитови: Fly away, You give love a bad name, You shook me all night long, To be with you, We will rock you, Give me all your love, Smoke on the water, Show must go on). Со настап полн со енергија, Боби уште еднаш ја воодушеви белоруската публика и ги собра громогласните аплаузи на преполната сала.

Чест ми е што по втор пат настапувам со еден од најдобрите оркестри на светот со кој настапуваат и славни музички ѕвезди како Мајкл Болтон, Сара Конор, Џенифер Лопез, Скорпионс и тн.“ – изјави Боби.

Неговиот менаџерски тим работи со полна пареа на организирање на неговите следни концерти на тие простори. Третиот концерт со Претседателскиот Оркестар на Белорусија веќе е закажан, а Боби повторно ќе биде главна интернационална музичка ѕвезда на настанот.

Честитки за огромниот успех на Боби, горди сме што ја претставува Македонија во најдобро светло и му посакуваме уште поголем успех во иднина! Во продолжение уживајте во неговите одлични настапи.



Врати се горе ↑