Македонија Bobi sesti singl

29 декември, 2015

Боби Мојсоски најавува новогодишен сингл

По само месец дена од излегувањето на неговиот петти сингл „Погледни во мене“, Боби Мојсоски изјави дека штотуку го заврши снимањето на новиот видео запис за неговиот шести официјален сингл, овојпат со новогодишна – божиќна тематика. Текстописец и композитор е самиот Боби, а аранжманот е на Гоце Симоноски. Како и секогаш, за видео записот Боби соработуваше со неговиот долгогодишен соработник Даниел Јовески.

Боби ни рече дека насловот ќе го остави изненадување, како и повеќе информации поврзани со синглот и видео записот до денот на неговата промоција, кој треба да биде наскоро, или како што најави Боби „крајот на декември или почетокот на јануари“.



Врати се горе ↑