Македонија 12042637_738203046291565_4115952309275513905_n

28 септември, 2015

Боби Мојсоски најави нов сингл и видео запис

Талентираниот охриѓанец, кој јавноста најдобро го знае како вицешампионот од втората сезена на регионалниот „Х фактор, Боби Мојсоски деновиве го снима видео записот за неговиот нов сингл насловен „Погледни во мене“, на кој се поптпишува и како автор на текстот, а музиката и аранжманот се дело на Јован Василевски. За екранизацијата на оваа тема Боби одлучи сепак да ја продолжи соработката со проверениот тим, така што и овој видео запис е под режисерската палка на Даниел Јовески, а друштво ќе му прави една од најубавите македонски модели.

Покрај многуте ангажмани и настапи по завршувањето на натпреварот, Боби, заедно со неговиот бенд, летово успешно го одржа и првиот солистички концерт на градскиот плоштад во Охрид, а средствата беа донирани за хуманитарни цели. Доколку го пропуштивте овој настан, со истиот можете да уживате во продолжение!

 



Врати се горе ↑