Македонија _MG_1911

8 ноември, 2012

Боби Мојсоски на Голем концерт во Минск, Белорусија

По освоеното Гран-при на престижниот „Славјански Базар 2012“ во Витебск, Белорусија, освен многубројните понуди за соработка, нашиот Боби Мојсовски е поканет да гостува на големиот рок концерт „Smoke on the water“ во Минск, каде рамо до рамо со најголемите руски и белоруски ѕвезди, заедно со Претседателскиот оркестар на Белорусија ќе ги изведат најпознатите рок хитови од 80-тите.
Боби ќе се претстави со седум рок хитови од 80-тите кои и се добро познати на светската публика.
Со огромно задоволство ја прифатив поканата за гостување на овој голем спектакл. Имам прекрасно искуство и спомени од Белорусија по освојувањето на Гран -при наградата на „Славјански Базар“ и со нетрпение чекам повторно да и се претставам на тамошната публика, овој пат со нешто што мене многу ми се допаѓа, а тоа се светските рок хитови.“ – изјавува Боби.
Концертот ќе се одржи на 17-ти Ноември, но  Боби ќе замине на 13-ти поради секојдневните подготовки и проби со Претседателскиот Оркестар за претстојниот концерт.


Врати се горе ↑