Македонија 10418264_836486676397075_261534011140124567_n

2 март, 2015

Боби Мојсоски ќе си ја проба среќата на „Х фактор“

Иако веќе докажан на македонската музичка сцена, Боби Мојсоски ќе се обиде да го освои Балканот со тоа што ќе се натпреварува во претстојната втора сезона од регионалниот натпревар „Х фактор“, каде што во тек се аудициите пред стручното жири. Талентираниот охриѓанец, кој, по Тоше Проески, е вториот Македонец што ја освоил наградата „Гран при“ на интернационалниот фестивал „Славјански базар“ во Витебск, Белорусија во 2012 година, деновиве објави фотографија пред препознатливото лого на светски познатиот формат, порачувајќи: „Стигнавме до Белград, држете ми среќа!

Ние воопшто не се сомневаме дека Боби ќе се претстави во најдобро светло, како и дека без проблем ќе помине во следната фаза на натпреварот. Се надеваме дека ќе можеме да го бодриме и навиваме за него до самиот крај, па и годинава победникот да биде повторно Македонец! Среќно!

И.Ј./Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑