Македонија 68458_4432054652871_1985471764_n

5 ноември, 2012

Боби Мојсоски ќе пее во Белорусија

Младиот и талентиран пејач од Охрид, Боби Мојсоски на 17ти овој месец ќе настапува на големиот рок концерт Smoke On The Water во Минск, Белорусија каде што во придружба на претседателскиот оркестар  ќе ги отпее во живо најголемите хитови на легендарните Ганс енд Роузес, Јуту, Бон Џови и Дип Парпл. 

Мојсоски веќе е добро познат на македонската публика, има освоено повеќе награди настапувајќи на фестивалите во Македонија, а со неговиот настап на Славјански Базар во Витебск, Боби стана вториот македонец после Тоше Проески кој ја доби Гран При наградата. По неговиот последен сингл „Ќе нема следен пат“ со кој настапи на минатогодинешното издание на МакФест, Боби најави дека наскоро ќе го чуеме и неговиот најнов сингл кој е при крај со подготовката. Во продолжение слушнете ја макфестовската „Ќе нема следен пат“.

 



Врати се горе ↑