26 февруари, 2013

Боби Мојсоски ја претстави баладата „Јас и ти“

Деновиве беше најавена промоцијата на новата песна и видео запис од Боби Мојсоски. Станува збор за песната „Јас и ти“, моќна балада исполнета со многу емоции, преточена во видео приказна која ќе ве растажи и расплаче. Композицијата која е комбинација од оркестарски аранжман и препознатливиот поп-рок стил на Боби кој го напиша текстот на песната, музиката е на Јован Василевски (Offside), а аранжманот и оркестрациите се дело на Гоце Симоновски (High Control).

„Видео записот го работевме многу долго време заедно со добро познатиот режисер и продуцент Даниел Јовески. Спотот е можеби најемотивната љубовна приказна на нашите простори, визуелно раскажана во четири минути и која наликува на краток филм во кој глумам јас и прекрасната Илариа. Се надевам дека и песната и спотот ќе допрат до публиката, затоа што сите ние некогаш на некој начин сме изгубиле некого“ вели Боби.

Охрид, железничката станица во Скопје, Споменикот на паднатите херои на Македонија и вечниот оган, се само неколку од локациите на кои беше снимен видео записот, кој беше промовиран вчера. Уживајте во одличната балада!



Врати се горе ↑