Македонија 10115_10151532281082235_1203341778_n

22 април, 2013

Боби Мојсоски и Дамјан Пејчиноски настапија на вториот рок концерт во Минск, Белорусија

На 12-ти април оваа година, главниот град на Белорусија – Минск трепереше од звуците предизвикани од рок концертот на кој нашиот Боби Мојсоски настапи со белорускиот Претседателски Оркестар. Публиката во преполната сала и овој пат беше воодушевена од Боби кој настапи со осум рок нумери од познатите бендови  AC/DC, Вајтснејк, Бон Џови, Дип Парпл… За разлика од првиот концерт кој што се одржа минатата година, овој пат на сцената заедно со Боби настапи и познатиот македонски виртуоз на гитара, маестро Дамјан Пејчиноски кој освен на заедничките синглови со Боби, се претстави и со негови инструментални изведби.

„Да се настапи на концерт пред толкав број на публика, заедно со врвни музичари од Претсседателскиот Оркестар, но и со нашиот виртуоз Дамјан Пејчиноски, е нешто што посакувам секој мој колега да го доживее. Презадоволен сум од  реакциите на белоруската публика, па токму затоа периодов сериозно ќе започнам со работа на тој пазар. Веќе сум во контакт со неколку странски композитори и продуценти кои побараа да ги препејам моите синглови на руски и англиски јазик, па тоа ќе биде следниот чекор на кој ќе му посветам внимание“ – изјавува Боби по враќањето од Белорусија.

Организаторите поттикнати од воодушевувањата на публиката  веднаш започнаа со подготовки и на третиот рок концерт, а менаџерскиот тим на Боби и Дамјан најави и низа концерти кои ќе следуваат на руските простори.

На концертот во Минск  гости беа и двајца белоруски пејачи кои изведоа по три нумери.


Врати се горе ↑