Македонија

12 април, 2013

Боби Мојсоски и Дамјан Пејчиноски гости на Рок Концерт во Белорусија

Вечерва, 12-ти април, Боби Мојсоски и Дамјан Пејчиноски ќе настапат како специјални гости на големиот Рок концерт во Минск, Белорусија, каде што заедно со Претседателскиот оркестар на Белорусија ќе ги изведат најголемите хитови од Бон ЏовиВајтснејк, Лени Кравиц, Мистер Биг, AC/DС, Квин, Дип Парпл и многу други.

Мојсоски, кој минатата година беше победник на познатиот фестивал „Славјански Базар“, во ноември беше гостин на големиот концерт „Smoke On The Water“, исто така во Минск. На снимките од неговиот настап можете да се потсетите на овој линк, а се надеваме дека наскоро ќе бидеме во можност да ги видиме и изведбите од вечерашниот настап заедно со Пејчиноски, кој е еден од најдобрите гитарски виртуози во Македонија.



Врати се горе ↑