Аудио 10277359_10152824345874488_2970573930298311331_n

19 мај, 2014

Боби Андонов е коавтор на песна од Афроџек

Холандскиот диџеј и продуцент Афроџек на 16 мај го објави својот деби албум насловен „Forget the World“, на кој се најдоа 12 песни, а гостуваат и имиња како што се Стинг, Виз Калифа и Снуп Дог. Интересно е тоа што меѓу авторите на темите се најде и младиот македонски музичар Боби Андонов, кој се потпишува како коавтор на песната насловена „Born To Run“, во која гостува Тајлер Глен.

Андонов, кој се прослави со учеството на натпреварот „Австралија има талент“ во 2010 година, ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во 2008 година, а во изминативе неколку години претстави повеќе авторски песни и го подготвува својот деби албум. Во последно време често патува за Лос Анџелес, каде што соработува со автори како што се Сем Вотерс, Еван Богарт, Луис Бјанканиело, Фриквенси, Емануел Киријаку и други.

Како звучи „Born To Run“ на Афроџек можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑