Македонија

4 февруари, 2019

Бобан Цаневски ја напушти групата „Маестро“

Минатата година ја започна со промоција на баладата „Љубов забранета“, за која сними и спот, а при крајот на годината, ја воодушеви балканската публика со изведбата на песната „Све је ово премало за крај“ од Тоше Проески и тоа при гостувањето во една од најгледаните емисии на овие простори „Гранд коктел“.

Имено, нашиот фолк-пејач Бобан Цаневски во новата година влегува со најава за многу нови музички проекти, имајќи ја предвид поддршката која ја ужива од љубителите на македонската народна песна.

„Наскоро влегувам во студио и почнувам со работи на мнгуу нови проекти и изненадувања за вистинските уживатели на нашата убава народна песна. Навистина имам многу планови, па затоа во новата година решив да направам и некои промени, кога станува збор на професионален план“, вели пејачот.

Кога станува збор за промените, Цаневски на почетокот од оваа година реши да стави крај на соработката со групата „Маестро“, а причините се различните погледи за правецот во кој треба заеднички да се движат понатаму.

„Во нашата работа е секогаш така. Завршуваш едни соработки, почнуваш други, но важно е да го задржиме пријателството, бидејќи толку сме на нашата естрада. Имавме убава соработка со оваа група, но имајќи предвид каква успешна година оставив зад себе како соло-изведувач и какви ми се плановите за следнава 2019 година, решив повеќе да се посветам на соло-кариерата и да дореализирам сè што имам во план“, додава Бобан.

Нови песни, спотови и секако, локални и регионални промоции на истите се на агендата на нашиот пејач.



Врати се горе ↑