Македонија

12 февруари, 2018

Бобан Цаневски ја екранизираше својата „Љубов забранета“

Фолк-пејачот Бобан Цаневски деновиве сними спот за баладата „Љубов забранета“, а промоцијата се очекува наскоро.

„Спотот се снимаше во соработка со ’Арт продукција’, во еден скопски клуб, со повеќемина мои колеги и соработници на кои сум им премногу благодарен. Снимањето траеше цел ден, а готовиот производ се надевам дека ќе им се допадне на љубителите на убавата македонска песна“, вели Бобан.

Првата песна за оваа година на Бобан е авторско дело на неговиот колега Цуле, кој го напиша текстот и ја направи музиката за истата. За потсетување, пред една сезона, Бобан имаше успешно преставување и на сцената на продукцијата „Гранд“, како дел од шоуто „Ѕвездите на Гранд“.



Врати се горе ↑