8 март, 2017

Боб Ем-си и Ненад Вржалски со пародија за македонските иселеници

Голем дел од македонските граѓани имаат роднини во Австралија, а македонските иселеници од земјата на кенгурите честопати биле на мета на македонскиот хумор и сатира, па и музика. Токму тие и нивното однесување кога ќе се вратат во родниот крај е инспирација за најновата песна на битолските рапери Боб Ем-си и Ненад Вржалски, чиј град „произведе“ веројатно најмногу иселеници во Австралија.

Со темата насловена „Jayson“, чиј автор на текстот е Боб Ем-си, на музиката Стефан Новевски (Кружен тек), а миксот, мастерингот и видеото ги направи Дејан Трајчевски ТПЦ, битолчаните ги сумираат впечатоците што им ги оставаат нивните роднини кои буквално го окупираат градот во текот на летото, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑