Свет blurred-lines1

4 јануари, 2014

„Blurred Lines“ од Робин Тик најпродаван сингл за 2013 година во САД

Џастин Тимберлејк го има најпродаваниот албум во САД за 2013 година, но кога станува збор за сингловите, на врвот на оваа листа се најде канадскиот музичар Робин Тик со неговиот мега-хит сингл „Blurred Lines“ во кој гостуваат колегите Фарел Вилијамс и Ти Ај и кој во изминатата година беше продаден во 6,5 милиони дигитални примероци, оставајќи го позади себе хитот „Thrift Shop“ на Меклмор и Рајан Луис со 6,15 милиони примероци. Но, дуото постигна уште еден успех со тоа што се единствените изведувачи со два сингла меѓу најпродаваните десет – нивниот втор сингл „Can’t Hold Us“ се искачи на 8-мото место со продажба од 4,26 милиони.

По десет години откако iTunes ја лансираше продажбата на дигитални изданија, a SoundScan започна да ги следи овие податоци, 2013-та е прва година во која има пад во таа област, нагласува Billboard. Сè на сè, продажбата на индивидуални песни е опадната за 6% во однос на претходната година, а кои се 10-те најпродавани синглови за 2013 година можете да видите во продолжение.

1. Робин Тик, Фарел Вилијамс и Ти Ај – „Blurred Lines” (6.5 милиони)
2. Меклмор и Рајан Луис – „Thrift Shop” (6.15 милиони)
3. Имеџин Дрегонс – „Radioactive” (5.5. милиони)
4. Флорида Џорџиа Лајн – „Cruise” (4.69 милиони)
5. Лорд – „Royals” (4.42 милиони)
6. Кејти Пери – „Roar” (4.41 милиони)
7. Пинк и Нејт Руес – „Just Give Me A Reason” (4.32 милиони)
8. Мелкмор и Рајан Луис со Реј Далтон – „Can’t Hold us” (4.26 милиони)
9. Бруно Марс – „When I Was Your Man” (3.93 милиони)
10. Ријана и Мики Еко – „Stay” (3.85 милиони)

 



Врати се горе ↑