Свет blurred-lines1

12 март, 2015

„Blurred Lines“ е сепак плагијат, но Робин и Фарел не ја прифаќаат одлуката

Хитот кој ја одбележа 2013 година, темата Blurred Lines од Робин Тик, Фарел Вилијамс и Ти Ај е сепак плагијат. Барем така одлучи американскиот суд, кој утврди дека песната е плагијат на Got To Give Up од Марвин Геј. Одлуката била донесена после повеќемесечен судски процес, а познатите музичари, кои тврдат дека само биле инспирирани од овој хит од 1977 година, на потомците на Марвин Геј треба да им платат оштета од приближно 7,4 милиони долари.

„Сега се чувствувам баш слободна“, изјавила ќерката на Геј, Нона, која по донесувањето на одлуката со солзи во очите го прегрнала адвокатот: „Ослободена од ланецот на Фарел Вилијамс и Робин Тик и лагите кои им ги продаваа на светот“, заклучила таа.

Меѓутоа, адвокатот на музичарите, Хауард Кинг, во разговор со „Фокс бизнис“ изјавил дека има намера да приложи жалба на таа пресуда: „Им го должиме тоа на сите автори на музика од целиот свет“, рекол Кинг, наведувајќи дека скандалозната одлука на судот не смее да се задржи: „Моите клиенти знаат дека ја напишаа песната ’Blurred Lines’ од своето срце и душа и дека не постои друг извор на нивната инспирација“, додал адвокатот, кој со сите правни средства ќе се обиде да ја поништи пресудата.

Сега, пак, се поставува и прашањето колку се „слични“ песните Happy на Фарел и Ain’t That Peculiar“ на Марвин Геј: „Фарел веќе призна дека Марвин Геј е еден од неговите идоли“, повторил Кинг, но, според него, тоа не значи дека сè што снимил Вилијамс е плагијат на Геј. Тој смета дека ваквата пресуда би можела да ги заплаши и остнатите автори кои пишуваат песни инспирирани од своите омилени музичари.

Семејството на Геј сега бара да се запре продажбата на песната „Blurred Lines“, додека не се постигне договор за тоа како ќе бидат распределени парите од заработувачката.

 Извор: Digital Spy, MTV



Врати се горе ↑