Настани Blink-1822

29 април, 2014

Блинк 182, Си Ло Грин и Џими Ит Ворлд на Сигет 2014

Долго очекуваниот настап на Блинк 182 (Blink 182) конечно на Сигет! Датумот е 11 август однoсно на т.н. ,,Ден -1”,  а Каспер (Casper), А Деј то Римембер (A Day to Remember) и Фед Лe Гранд (Fedde Le Grand) ќе ја загреваат публиката на т.н. ,,Ден 0” . Останатите нови имиња во програмата на Сигет се Си Ло Грин (Cee Lo Green) и Џими Ит Ворлд (Jimmy Eat World).

Влезниците по намалена цена се во продажба до 30 април и може да се набават во мрежата на Купи карти за сè  и он-лајн преку веб продавничката на Сигет.

После многу години чекање, еден од најпопуларните американски панк-поп бендови,  Блинк 182 конечно ќе настапат на фестивалот Сигет оваа година. Ова калифорниско трио, со повеќе од 20 години кариера зад себе, има продадено милиони албуми и има фанови низ целиот свет. После кратка пауза, бендот е повторно заедно и звучи моќно како и секогаш. Сигетанците ќе имаат можност конечно да се забавуваат со најголемите панк химни од крајот на минатиот век и почетокот на новиот милениум, како што се All TheSmall Things, First Date, I Miss You, Stay Together For The Kids и The Rock Show.

 

Петкратниот Греми добитник, Си Ло Грин е еден од најхаризматичните машки изведувачи на денешницата, фантастичен текстописец со уникатен глас, како и креативен продуцент, но и филмска ѕвезда. Неговите супер моќи му овозможуваат да измеша хип-хоп со соул елементи за финалниот производ да биде секси и модерен ритам и блуз. Неговите песни кои се најдоа на врвот на топ листите му создадоа милионска фан база. Сигурни сме дека на Главната сцена на Сигет ќе се чувствува како дома!

 

Џими Ит Ворлд ја започнуваат својата кариера во Меса, Аризона и инстантно стануваат популарни со нивните заразни рок звуци. Нивниот најуспешен албум Bleed America,  беше издаден во 2001-та и на него се најдоа неколку хитови, меѓу кои и најпознатиот сингл The Middle. На Сигет доаѓаат со нивниот осми студиски албум Damage издаден минатата година, па очекуваме одличен настап со микс од новите песни и нивните најголеми хитови.

Повеќе информации за новите најавени изведувачи можете да најдете тука.



Врати се горе ↑