Интервју 10177417_10153592612506756_3626116308018404744_n

26 јуни, 2015

„Блендед бру“: „Македонија е прекрасна, се гледаме во септември!“

Дека македонската публика сака квалитетна рок музика докажавме и во текот на годинешното издание на фестивалот „Баскерфест“, кое се одржуваше од 12 до 21 јуни во Скопје. Токму во рамките на овој фестивал, 10 вечери со ред публиката во главниот град, меѓу другото, се забавуваше и со одличната музика на данскиот рок состав „Блендед бру“ (Blended Brew), кој дојде кај нас за прв, но не и последен пат.

Како и сите познати групи, „Блендед бру“ ја започна својата кариера како кавер бенд, изведувајќи ги најголемите хитови на своите омилени музичари, а дека полека, но сигурно чекори по стапките на своите идоли зборува и фактот што својот прв албум го финализираше токму во легендарното лондонско студио „Еби роуд“, каде што своевремено снимаа „Битлси“, „Пинк флојд“ и други.

Џими Монсон (вокал и гитара), Микел Туструп (придружен вокал и гитара), Лорд Себастијан Бек Грозет (пијано и клавијатури), Медс Бунк Јохансен (тапани) и Матијас Јоргенсен (бас и придружен вокал) се момците што ја сочинуваат групата „Блендед бру“, а за нивната досегашна кариера, идните планови и впечатоците од нивното прво гостување во Македонија можете да прочитате во продолжение.


РадиоМк: Здраво момци! Како Ви се допаѓа Македонија?

ББ:  Прекрасно е, се забавувавме, луѓето доаѓаа на нашите настапи секоја вечер. Одлично е!

РадиоМк: Одржавте 10 концерти во Скопје, дадовте бројни интервјуа, што значи дека веќе станувате популарни овде. Кажете ни за Вашето искуство досега?

ББ: Токму така, имавме 10 прекрасни настапи, дадовме интервјуа за повеќе радио станици и портали, сè на сè, си поминавме одлично!

РадиоМк: Како дојдовте до идејата за името на бендот? Раскажете ни ја приказната за „Блендед бру“.

ББ: Името е всушност асоцијација за мешавина, претопување, разлики во музиката, инструменти споени во едно.

РадиоМк: Велите дека Вашата најголема инспирација е рок музиката од седумдесеттите и гранџот од деведесеттите. Кои уметници и бендови ги слушавте додека растевте? И кои се Вашите најголеми идоли и примери?

ББ: Да, токму така. Но, во одредени моменти инспирацијата е различна.

Матијас: На пример, за мене е „Металика“, „Лед цепелин“, „Пинк флојд“…

Џими: За мене се „Еј-си-ди-си“.

Лорд Себастијан: Јас сум џезерот во групата. Го сакам Луис Армстронг, „Ролинг стоунс“…

Медс: Мајкл Џексон.

РадиоМк: Доколку имате можност, со кого би сакале да соработувате?

ББ:  Дејв Грол од „Фу фајтерс“.

РадиоМк: Се сеќавате ли на вашиот прв настап во живо и каква беше реакцијата на публиката?

ББ: На почетокот свиревме преработки и настапувавме во повеќе клубови во Данска, а подоцна решивме да правиме авторска музика. Но во секој случај, клубовите беа преполни.

РадиоМк:Сте имале ли некогаш проблеми или интересни и невообичаени моменти?

ББ: Секако дека да. Цело време. На пример, кога отидовме на турнеја во Флорида, САД, ни рекоа дека треба да свириме во 10 часот наутро, што беше малку чудно – утринска свирка на плажа, но ние сепак отидовме и, се разбира, немаше никој. Всушност, настапот требаше да биде во 10 часот вечерта, така што имавме цел ден да се забавуваме на плажа и добивме изгореници од сонцето (се смее).

Потоа, кога отидовме во Кина… навистина се зачудивме колку не разбираат англиски. Концертите беа одлични, траеја доста долго и имавме огромна публика, а интересно беше тоа што кога пристигнавме, од организацијата нè прашаа дали ни треба микрофон… (се смее).

РадиоМк: Со оглед на тоа што сте настапувале на 3 континенти, може ли да се направи споредба помеѓу публиката во САД, Кина и Македонија, или пак љубителите на рок музиката секаде се исти?

ББ: Овде има навистина многу девојки. И нам ни се допаѓаат девојките! Изгледа дека ја сакаат рок музиката. Имаме и машки и женски фанови, но најголемиот дел овде дефинитивно се девојките, а тоа е нешто на што не сме навикнале, така што сме и повеќе од задоволни!

Видео: Rocka Dark

РадиоМк: Речиси сите Ваши песни се на англиски јазик. Имате ли некоја песна на дански и зошто одлучивте да пеете на англиски?

ББ: Сите песни ни се отпеани на англиски, а на дански немаме ниту една. Англиските текстови имаат повеќе смисла, а луѓето во Данска го изучуваат и зборуваат англискиот јазик уште од рана возраст, така што не претставува проблем. А и подобро е за интернационална кариера.

РадиоМк: Вашиот прв албум „Hand Patrones“ беше објавен порано годинава.

ББ: Да, на 30 јануари. „Hand Patrones“ е како „рачни куршуми“, а тоа е всушност сленг во данскиот јазик којшто го користиме кога пиеме пиво. Смешно е и значи пиво. И кога одевме во Велика Британија, толку се брзавме, трчајќи низ аеродромот и обидувајќи се да не го пропуштиме авионот, па рековме дека ако успееме да се качиме пред да одлета, ќе му го дадеме насловот „Hand Patrones“. Тоа и се случи.

РадиоМк: Материјалот го снимивте во Данска, но се финализираше во легендарното студио „Еби роуд“ во Лондон. Знаеме дека британскиот пазар е еден од најважните во светот кога станува збор за музиката, а нивните фестивали (како што е познатиот „Гластонбери“) се популарни и посетувани од фанови од целиот свет. Колку важно е ова прекрасно искуство за вашата кариера?

ББ: Многу. Го одбравме „Еби роуд“ бидејќи сакавме да го направиме тоа како што се правеше порано. Затоа и материјалот го снимивме на старомоден начин, на касета. Беше навистина прекрасно искуство. И дефинитивно не би ни пречело да настапиме на „Гластобери“!

 

РадиоМк: Кога сме кај фестивалите, еден од најстарите фестивали во Европа е „Евровизија“. Данска е меѓу најуспешните земји во натпреварот со 3 победи зад себе, од кои последната во 2013 година. И покрај тоа што се смета дека е поп фестивал, има и многу рок песни кои станале хитови, а без оглед на пласманот, за бројни музичари претставува одлична шанса за промоција и претставување пред милионска публика. Сте помислиле ли некогаш да ја претставувате вашата земја на овој фестивал?

ББ: Не. Не ни се допаѓа самиот концепт на фестивалот и некако нема суштина. Дури и луѓето што го гледаат, повеќето од нив гледаат само заради натпреварот и пласманот, а не за музиката, така што единствениот победник е телевизијата.

РадиоМк: Забележав дека немате многу видео записи за вашите песни. Имате ли во план да снимите или повеќе се фокусирате на настапите во живо?

ББ: Секако дека имаме во план, но само кога ќе имаме инспирација за тоа. Не сакаме да снимиме само колку да има. Повеќе би сакале да биде нешто специјално, така што ќе го почекаме вистинскиот момент со цел да направиме одлично видео.

 

РадиоМк:Што е следно за „Блендед бру“? Работите ли на нови песни или нов албум?

ББ: Имаме идеја да направиме видео запис за една песна, за да можеме на сите да им порачаме: „Вака звучиме во живо!“

РадиоМк: Би дошле ли повторно во Македонија?

ББ: Да, и тоа наскоро. Се враќаме во септември, кога ќе настапиме на „Пиво ленд“ во Скопје.

РадиоМк: Ви благодарам што одвоивте време за нас. Ни беше задоволство да направиме интервју со толку прекрасни музичари. За крај, што би им порачале на вашите фанови во Македонија?

ББ: Ве сакаме! И тоа не само девојките. Го цениме тоа што сте толку отворени за нас и следете нè на Фејсбук!

Подготвија: Александра Јанкова и Ивона Јанкова

Blended Brew: Macedonia is amazing, see you again in September!

Macedonian audience that wants quality rock music proved itself during this year’s Buskerfest, which was held from 12-21 June in Skopje. In the framework of the festival, 10 nights in a row, the audience in the capital, among other things had fun and great music with the Danish rock band Blended Brew, who came to us for the first time, but definitely not for the last.

As many other bands, Blended brew began their career as a cover band, performing the greatest hits of their favorite musicians, and that slowly but surely followed in the their idols’ footsteps by the fact that their first album was just finalized in the legendary Abbey Road Studios in London, where once recorded The Beatles, Pink Floyd and others.

Jimmy Månsson (vocals and guitar), Mikkel Toustrup (backing vocals and guitar), Lord Sebastian Beck Groset (piano and organ), Mads Bunch Johansen (drums) and Mathias Jørgensen (bass and backing vocals) are the guys that make the group Blended brew, and for their career to date, future plans and impressions of their first appearance in Macedonia you can read below.

RadioMk: Hello guys! How do you like Macedonia so far?

BB: Amazing, we have fun, people are coming to our shows every night. It’s great.

RadioMk: You’re having 10 concerts in Skopje and a lot of interviews, which means that you’re becoming popular here. Tell us about you experience so far.

BB: Yes, We had 10 concerts here, We had interviews with some of the radio stations, other web sites, all in all we have fun.

RadioMk: How did you come up with the name? Tell us the story of Blended Brew.

BB: The name associates with blending, mixture, differences of music, instruments united in one.

RadioMk: You say that your biggest inspiration is the 70’s rock and 90’s grunge. Which artist and bands did you listen growing up? And which ones are your biggest role models?

BB: Yes that’s right. The inspiration is different in different moments.

Mathias: For me it is Metallica, Led Zeppelin, Pink Floyd…

Jimmy: AC/DC.

Lord Sebastien: I am the jazz guy in the group, I like Louis Armstrong, The Rolling Stones…

Mads: Michael Jackson.

RadioMk: If you had a chance, who would you like to collaborate with?

BB: Dave Grohl from Foo Fighters.

RadioMk: Do you remember your first gig in public and the reaction of the audience?

BB: Well at first we did covers and played at clubs at Danish venues, later on we decided to make some music. But the clubs were packed.

RadioMk: Have you ever experienced some situations worth mentioning- some problems or funny moments?

BB: Yeah, all the time. For example when we had a tour in Florida, USA, we were told that we should play at 10am, which was a bit strange, a morning party at the beach, but we still went there and of course there was nobody there. It was supposed to be at 10pm. So we had to have fun all day long at the beach, and we got sun burnt. 

Then, when we went to China… it is just strange how much they didn’t understand English.

The gigs were amazing, lasted for long and there were so many people and imagine, when we got there, the people from the organization asked us if we needed a microphone.

RadioMk: You toured the USA, China… and now you’re here in Macedonia. Can you compare the audiences or rock lovers are the same everywhere?

BB: There are so many girls here. And we like girls! They seem to love rock music. We have both girls and boys fans, but the majority here is definitely girls and we were not used to it. We are more than satisfied.

Video: Rocka Dark

RadioMk: Most of your songs are in English. Do you have any songs in Danish and why did you choose to sing in English?

BB: We only sing in English. We don’t have any songs in Danish. It makes more sense, and people in Denmark speak English from early age so it’s not a problem. And it is better for an international career.

RadioMk: Let’s talk about your first album Hand Patrones. It was released earlier this year.

BB: Yes, January 30th.

Hand Patrones is like a Hand Bullet and in fact slang in Danish we use when drinking beer. It is funny and it means beer. And when we were going to the UK, we were in such a hurry, rushing through the airport, trying not to miss the plane, and then we said it, if we made it before it took off, we would call it Hand Patrones. And so it was.

RadioMk: You recorded it in Denmark, but it was finalized in the legendary Abbey Road Studios in London. We know that UK’s market is one of the most important in the world when it comes to music, and their festivals (like the famous Glastonbury) are very popular and attended by fans from all around the World. So, how important is this amazing experience for your career?

BB: A lot. We chose Abbey Road Studios because we wanted to do it as it was back in the days. So we recorded on tape, in an old-fashioned way. It was a great experience. And we definitely wouldn’t mind if performed at the Glastonbury festival.

 

RadioMk: Speaking of festivals, one of the longest running festivals in Europe is Eurovision. Denmark is one of the most successful countries in the Contest having won 3 times, most recently in 2013. Even though it is perceived as a pop festival, many rock songs became big hits, and no matter the final result, it is a good place for promotion and introduction to a bigger audience. Have you ever considered representing your country on Eurovision?

BB: No. We don’t like the concept of it. There is no substance in it. Even the people who are watching, most of them watch it for the competition, not for the music. So the only winner there is the TV.

RadioMk: You don’t seem to have many videos for your songs. Are you planning to make one, or you’re just more focused on live gigs?

BB: Yes definitely, but when we have the inspiration for it. We don’t want it to be just to be out there. We would like something special, so we will wait for that special moment in order to be an awesome video.

 

RadioMk: What’s next for Blended Brew? Are you working on some new songs or album?

BB: We do have an idea for a live video for one song. So we can send message to everybody: “This is how we sound live!”

RadioMk: Would you come back in Macedonia?

BB: Yes, very soon. We will come back for the Beer Land Festival, here in Skopje in September.

RadioMk: Thank you for your time! It was a pleasure and an honor to make an interview with such great musicians. What would you like to say to your fans in Macedonia?

BB: We love you! And not just the girls. We appreciate that you are so open to us, and you should follow us on Facebook!

 Aleksandra Jankova and Ivona Jankova



Врати се горе ↑