Видео Blackstreet во Станица 26

12 февруари, 2015

„Блекстрит“ вечерва во „Станица 26“

Вечерва со почеток од 23 часот, во клубот „Станица 26“, култниот американски состав „Блекстрит“ ќе го одржи својот прв концерт во Македонија. Организаторите најавуваат одлична забава која ќе започне со Тони Зен како домашна поддршка, а Бобо со неговиот бенд од соседна Р. Бугарија дополнително ќе ја загреат атмосферата пред првиот настап на „Блекстрит“ пред македонската публика.

Влезните билети по цена од 350 денари можете да ги набавите на билетарницата од клубот „Станица 26“. Вo продолжение погледнете ја видео поканата на „Блекстрит“ за нивниот вечерашен настап!

 

 



Врати се горе ↑