Свет Lester Cohen

14 јануари, 2013

Блек Сабат со нов албум во јуни

Британскиот хеви метал бенд Блек Сабат (Black Sabbath) објави дека насловот на нивниот нов албум ќе биде „13“, а ќе биде издаден во јуни. За оригиналните членови на бендот – Ози Озборн, Тони Ајоми и Гизер Батлер, ова ќе биде нивно прво заедничко издание од 1978 година, кога го издадоа „Never Say Die!“.  Легендите од Бирмингем го снимаа новиот материјал во Лос Анџелес, заедно со продуцентот Рик Рубин и во соработка со Бред Вилк од Рејџ агенст д машин, кој го замени оригиналниот тапанар Бил Вард.

Во ноември минатата година, гитаристот Тони Ајоми откри дека финалниот албум ќе содржи 15 нумери. Инаку овој албум ќе биде деветнаесетти по ред во историјата на бендот кој е составен во далечната 1969 година и во чиј состав своевремено членувале дваесетина музичари. Во меѓувреме, бендот ќе одржи концертна турнеја во Австралија, Нов Зеланд и Јапонија.

 



Врати се горе ↑