Свет Black-Sabbath

12 јуни, 2013

Блек Сабат: Новиот албум го именувавме „13“ само за да ја нервираме издавачката куќа

Блек Сабат откриле дека на својот нов албум одлучиле да му го дадат насловот „13“ само од една причина – да ја „изнервираат“ својата издавачка куќа. Легендарниот рок бенд од Бирмингем го сними својот деветнаесетти студиски албум во Лос Анџелес, а во тоа им помогна славниот продуцент Рик Рубин (кој работел со изведувачи како што се Џони Кеш, Металика, Систем оф а даун и многу други), а наместо оригиналниот тапанар Бил Ворд, на албумот свирел Бред Вилк од Рејџ Агенст д Машин.

Во ексклузивното видео интервју за New Musical Expressкое можете да го погледнете овде, Гизер Батлер се присетува: „Нашиот издавач оригинално сакаше да снимиме 13 песни, со цел да имаме избор кога ќе се прави изданието. Ние направивме десет и им рековме дека тоа е доволно, но тие одговорија дека сакаат 13. Тогаш помисливме ’ајде целиот албум да се вика ’13’, само за да ги нервираме’… И на крајот снимивме 16 песни!“

Батлер додал дека снимањето на 16-те нови нумери за албумот им дало прилика да го искажат широкиот распон на можности и интереси: „Добро е тоа што сега има и светли и мрачни моменти. Во почетокот имавме 10 песни и сите беа ’ултра хеви’ – сите десет! И тогаш напишавме уште шест: една акустична, некои во блуз стил, има и неколку брзи…“.

Во продолжение погледнете го и видео записот за „God Is Dead?“, претставен деновиве на официјалниот ЈуТјуб канал на Блек Сабат.

 

 



Врати се горе ↑