3 ноември, 2017

„Блек енд вајс соушл клаб“ го екранизираа својот „Дом“

Скопскиот алтернативен рок-состав „Блек енд вајс соушл клаб“ (The Black& Vice Social Club) преку социјалните мрежи и интернет каналот Јутјуб деновиве ја промовира темата насловена „Home“, која стигна заедно со своја екранизација.

Станува збор за нумера на англиски јазик, која има интересна и откачена видео приказна, каде што во главната улога е актерот Рубенс Муратовски. Публиката засега реагира одлично на оваа новина на бендот, кој секогаш нуди музика за љубителите на алтернативното.

22852144_1436599266436455_7753825047858429556_n

Песната е аворско дело на момците од бендот, додека текстот го потпишува Ади Имери, кој е вокал и гитарист во групата, спотот е во изработка на Мерт Аслани, а темата е миксана и мастеризирана од Ади Имери и Гоце САФ.

Инаку, групата ја сочинуваат: Горјан Стојменовски на гитара, Симеон Пеоски на гитара, Стефан Стојчев на бас, Благоја Антовски на тапани и Ади Имери – вокал и гитара.



Врати се горе ↑