Свет bep

8 јануари, 2015

„Блек ајд пис“ подготвуваат нови песни

Составот „Блек ајд пис“ годинава ќе прослави две децении од формирањето. По тој повод фановите можат да очекуваат нов материјал од бендот, а ова го откри токму еден од членовите на групата, Вил Ај Ем. Во неодамнешно интервју музичарот изјавил дека сè уште не може да открие многу детали, но потврди дека бендот работи на нов материјал: „Ќе има нова музика, многу нови искуства, но не би ги нарекол албуми. Ќе имаме искуства и многу нови нешта за сите луѓе кои нè поддржуваа и поради кои сме овде, поради нивната поддршка, љубов и тоа што ја споделуваат и слушаат нашата музика.

 

Групата позади себе има шест студиски албуми, а последниот од нив насловен „The Beginning“ го објави во 2010 година. Покрај работата со групата, Вил Ај Ем досега има објавено четири студиски албуми и веќе 4 сезони со ред е дел од жирито во британскиот натпревар „The Voice“, а Ферги во септември минатата година се врати на музичката сцена со синглот „L.A. Love (La La)“, најавувајќи го вториот студиски соло албум, за кој сè уште не се познати многу детали.

 



Врати се горе ↑