Аудио

12 јули, 2019

Блаже Билбиловски ја претстави својата „Божица“

Блаже Билбиловски деновиве ја промовира својата втора авторска песна насловена „Божица“, која премиерно ја претстави во студиото на „Ин продукција“. Станува збор за авторско дело на Драган Матески, чиј потпис стои на музиката и стиховите, а аранжманот и продукцијата ги направи Дарко Дамевски, долгогодишен пријател и соработник на Блаже.

„Песната е направена во модерен стил, поп-песна е пред сè, во регетон-стил. Ритамот на песната е многу близок до нашата ориентална музика, односно четири-четвртинска. Поради тоа што оваа песна е направена во тој поп-латиноамерикански ритам, се стремев да наликува на нашите народни ритми, пред сè со убава љубовна тема да им се допадне на младите“, изјави Блаже за естрадниот магазин Естрада плус“.

Пред само месец дена пејачот го промовираше и првенчето „Биди силна до крај“, но не стигнал да сними видео, па затоа во наредниов период планира тоа да го направи токму за „Божица“. Додека ја очекуваме екранизацијата за новата песна, истата можете да ја слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑