Концерт 15589950_10211406083216958_5373147982164850548_n

13 јули, 2017

Благоја Грујовски со 2 концертни промоции на новиот албум

За Благоја Грујовски нема одмор, а топлото лето ќе го искористи за да промовира нов албум. На одмор, како што вели, ќе замине дури во октомври, со оглед на тоа што следните три месеци му се исполнети со настапи и нема ниту еден слободен викенд.

Новиот материјал насловен „Моја река“ премиерно ќе го претстави во Гостивар, каде што има закажано концерт, а после гостиварци следните што ќе ги чујат песните во живо се охриѓани.

„Албумот е веќе готов и решив да го промовирам на концертот во Гостивар на 27 јули. Специјални гости ќе ми бидат Сузана Гавазова, како и Стојне Николова заедно со Јане Рафајловски и група ’Хармонија’“, откри фолкерот.

Концертот во Охрид, пак, е закажан за 1 август, а гости таму ќе му бидат Анастасија Петреска и Дамјан Стојановски. Секој посетител на концертите ќе добие по две цедеа во издание на „Мистер компани“, од кои едното ќе биде новиот албум, а другото постаро цеде од Благоја Грујовски. Двата концерта ќе бидат снимани и подоцна објавени од повеќе медиуми, меѓу кои и австралиската „Ин телевизија“.



Врати се горе ↑