Македонија

24 октомври, 2014

Благој Нацоски доби признание од Италија

Познатиот македонски тенор Благој Нацоски сосема неочекувано добил известување од Министерството за Надворешни Работи на Италија дека италијанската Влада му оддава признание на благодарност за љубовта покажана кон Италија и нејзината култура, како и за посветеноста кон италијанскиот јазик. Оваа вест Нацоски ја сподели на неговата фан страница на Фејсбук.

Во изминатиов период Нацоски се подготвуваше за неговата најнова улога на Александар Македонски во операта „Кралот пастир“ од Волфганг Амадеус Моцарт, која ќе биде изведена на 25 и 28 октомври во театарот „Верди“ во Трст, Италија.



Врати се горе ↑