Македонија

24 јули, 2019

Благица Павловска заминува во Австралија

Фолк-дивата Благица Павловска наесен заминува во Австралија, каде што ќе одржи бројни концерти за нашите иселеници. Пејачката во меѓувреме продолжува со настапите и на домашен терен, а подготвува и нова збирка со нејзините најголеми хитови, кои ќе бидат сместени на три цедеа.

„За Австралија одам во октомври, таман кога таму почнува пролет, тоа време најмногу ми одговара кога е пријатно топло, а не е ниту ладно. Со мене доаѓа и популарниот Јордан Митев, така што со сигурност тврдам дека на нашите иселеници ќе им направиме незаборавни концерти. Освен тоа, јас одамна не сум настапувала во Австралија, сега е ред да ѝ се оддолжам и на мојата публика во таа далечна земја“, изјави Павловска за „Вечер“.

Извор и фотографија: Вечер.прес



Врати се горе ↑