Галерија

27 мај, 2018

Благица Калева е победничка на „Фолк-фест Валандово 2018“

Благица Калева со песната „Горда мајка“ триумфираше на 33. издание на фолк-фестивалот „Валандово“, коe се одржа на 24 и 25 мај во фестивалската сала „Јанко Узунов“ при Домот на културата „25 мај“.  Автор на музиката е пејачот Горан Тодоровски, аранжманот е на Дејан Миленковски, а стиховите ги потпишува Ице Беличев. Благица и авторскиот тим освоија парична награда од 1.500 евра и статуетка златна калинка. Наградата ја врачи градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Горда мајка – Благица Калева

Првонаградената композиција на „Фолк Фест“ Валандово, 2018„Горда мајка“ – Благица Калева

Gepostet von Валандово / Valandovo am Freitag, 25. Mai 2018

 

Второто место го освои темата „Умирам по тебе“, во изведба на некогашниот ексклузивец на „М2 продукција“, Филип Божиновски, кој се закити и со наградата за најдобар дебитант, а третото место му припадна на Благоја Грујовски за композицијата „За нас“.

33. издание на фестивалот започна со ревијалната вечер, која помина во знакот на најуспешните автори на новосоздадена македонска песна изродена на „Фолк-фест Валандово“ – еминентните Љупчо Трајковски-Фис, Миле Барбаровски и Глигор Копров, а во рамките на натпреварувачката вечер, на 25 мај, свои настапи имаа и балканската ѕвезда на фолк-музиката, Ханка Палдум.

На овогодинешниот фестивал Фолк Фест Валандово 2018 за победник е прогласена валандовчанката Благица Калева со…

Gepostet von Општина Валандово am Freitag, 25. Mai 2018

 

Изведувачите во двете фестивалски вечери беа придружувани од оркестар составен од едуцирани музичари од ФМУ, кои сега се членови на оркестрите во МОБ и Филхармонијата, а водители на манифестацијата беа Ирена Спировска и Нино Величковски. Освен што си го врати традиционалниот мајски термин, фестивалот годинава имаше и нов начин на гласање, односно одлуката за наградите со 60 проценти учествуваше жирито, а со 40 отсто публиката, додека телефонското гласање беше исфрлено.

Покрај оние за прво, второ и трето место (во вредност од 1.500, 1.000 и 750 евра), доделени беа и награди за најдобар аранжман (Мартин Вучиќ), за најдобар текст (Орце Зафировски) и за најдобра интерпретација (Мерима Његомир), секоја од нив во вредност од 500 евра. Како и секогаш, 19-те песни од натпреварувачкиот дел се очекува да станат големи фолк-хитови, а се надеваме дека видеата од нивните изведби наскоро ќе се најдат на Интернет, со цел побрзо да стигнат до што поголема публика.

 



Врати се горе ↑