Настани blabla

27 јануари, 2016

„Бла бла телевизија“ го слави својот 1. роденден

„Бла бла телевизија“ го прославува својот прв роденден, па по овој повод Ве кани на роденденска забава, која ќе се одржи на 4 февруари во МКЦ, со почеток од 20 часот. На забавата ќе настапат бројни изведувачи како што се „Визија“, „Пука козметика“, „Тотално опуштање“, „Токсиколози“, диџеј Славе и многу други.

„Како и кај човечкото хуманоидно суштество, така и кај нас првите месеци беа најтешки. Од првиот здив и прогледување, првата емисија и првата статија, ’Бла бла тв’ е сè уште независна, некомерцијална, повеќе ентузијастична од профитна организација. Тимот составен од неколку режисери, монтажери, камермани и новинари, млади но веќе докажани професионалци успешно, а притоа со минимални средства и опрема успеа да створи многу интервјуа, следење на концерти, настани, промоции, статии, рецензии,промовирање на песни,албуми и спотови.

Искрени во намерата и желбата да продолжиме во иднина да растеме и да се развиваме, даваме безкрајно многу љубов и енергија, потребни  да постанеме стожер на македонската алтернативна сцена. Така со раѓањето на првата интернет телевизија во Македонија, започна да живее ’Бла бла тв’.

Веќе сме проодени, но далеку од постигнување на целта поставена пред нас ’Бла бла’ да е повеќе од само медиум, да постане движење и мотор на КВАЛИТЕТНАТА МАКЕДОНСКА МУЗИКА (уште фурни леб имаме за јадење, но бар не сме на цуцла веќе).

Најпрво сакаме да се  заблагодариме за безрезервната поддршка и соработка добиена од сите МАКЕДОНСКИ ТВОРЦИ – бендови, музичари, артисти, диџеи, издавачи, промотери. Најголема благодарност  до посетителите на www.blabla.mk, кои за оваа година ја надминаа бројката на 250.000 уникатни луѓе и ни ја потврдија идеата и убедувањето дека Македонија има силна сцена и бројна публика гладна за КВАЛИТЕТ.

Со таа цел и по повод на првиот роденден на 04 февруари во четврток, во Младинскиот Културен Центар- М.К.Ц. со почеток во 20:00 часот, ги покануваме сите на музика и дружба со :

* К.У.РПУКА КОЗМЕТИКАВИЗИЈАФУСНОТА* ВЕРКАТОКСИКОЛОЗИДИЏЕЈ СЛАВЕАЛФАБАЗА 903ЛОШИ ДЕЦАТОТАЛНО ОПУШТАЊЕЧУЛЕ (ФИСТ)* PLUTO’S DOUBTSДИЏЕЈ ЈЕ ЈА

Нека повелат сите да дуваме една свеќичка за првиот роденден на нашата и ваша ’Бла бла тв’.“



Врати се горе ↑