25 мај, 2018

„Бла, бла, бла“ е новиот хит на Теа

„Песна во која ќе се пронајдат сите девојки, затоа што станува збор за ’чаршиски’ муабети кои можат дури и да растурат една љубовна врска“, вака Теа го опиша својот нов сингл насловен „Бла, бла, бла“, кој денеска беше премиерно претставен во комплет со соодветно, урбано видео.

Only few more days to go 🔜 #BLABLABLA 🎶🤘

A post shared by Teodora Trajkovska (@theatrajkovska) on

Ова е прва песна од Теа годинава и доаѓа по минатогодишниот хит „Пекол“, а воедно го најавува долгоочекуваниот деби-албум, чиј материјал ќе биде комплетиран наскоро. Пејачката и овој пат ги здружи силите со веќе докажаниот автор Лазар Цветкоски, кој се потпишува на музиката, аранжманот и на продукцијата, а за стиховите се погрижи самата Теа.

freezing to death, ама све за каузата ❄️🎬

A post shared by Teodora Trajkovska (@theatrajkovska) on

Видеото, пак, е во реализација на продукцијата „Пирамид“, под режисерската палка на Кристијан Шемко, а како изгледа и звучи „Бла, бла, бла“ дознајте горе. Уживајте!



Врати се горе ↑