17 октомври, 2014

Битолското трио „Спенк“ го најавува новиот албум со „New Day“

Битолскиот панк-рок и ска бенд „Спенк (Spank)“ деновиве го промовираше својот нов видео запис за песната „New Day“, со која го најавуваат третиот студиски албум „Spank On“, кој ќе го наследи One Step Ahead, објавен на почетокот на годинава. Песната е снимена од Владко Симоновски во студиото „Битрејд (Beatraid)“, а миксот го направи Мирко Пејковски, кој беше задолжен и за видеото заедно со Димитар Атанасов. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

 И.Ј.



Врати се горе ↑