Концерт 64871_10200595597478366_928223554_n

14 февруари, 2013

Битолските „Ѕвончиња“ со хуманитарен концерт за Тоше

Во градот на конзулите, битолскиот детски хор „Ѕвончиња“ под раководство на проф. Марина Коруновска годинава повторно ќе одржи традиционален концерт во чест на нашата музичка икона Тоше Проески, под мотото „Пееме до ѕвездите“. Средствата кои ќе бидат собрани од овогодинешниот концерт ќе бидат наменети за донирање на инструмент во Државното музичко улилиште во Битола, каде што се школуваше и Тоше.

Концертот, веќе традиционално, се одржува во големата сала на Центарот за култура во Битола, кој е домаќин на битолските „Ѕвончиња“. Годинава, во терминот превиден за концертот, (25-ти јануари, роденденот на Тоше), се одвива реконструкција на големата сала. Поради долгогодишните одлични односи со нивниот партнер, Центарот за култура, кој е и домаќин, концертот ќе биде одржан со задоцнување, односно во сабота, 23-ти февруари со почеток од 19 часот, а цената на влезниците е 100 денари.

Покрај „Ѕвончињата“, ќе настапат и битолската група Калабалак, вокалната група Мелодиум и хорот Триглав.



Врати се горе ↑