Концерт

20 декември, 2017

Битолскиот театар ја завршува годината со „Новогодишна џез бајка“

Најубавите џез-композиции што ги прославиле великани како што се Дин Мартин и Френк Синатра, а во поново време и Мајкл Бубле, се дел од програмата на „Новогодишната џез бајка“, со која на Народниот театар – Битола ќе ја заокружи оваа 2017 година.

Во аранжман на Давор Нечак, празничните класици ќе ги изведува квинтетот „Фрагмент“, односно Јасна Мажевска, Давор Нечак, Дарко Бошков, Стефан Тасевски и Марјан Павловски, а како специјални гости најавени се актерката Маја Андоновска Илијевска и виолончелистката Даниела Радевска. 

Концертот е закажан за 28 декември, со почеток од 20 часот, а влезниците по цена од 150 денари се веќе пуштени во продажба во ТА „Тео травел“ во Битола.

25152215_1651931521538933_1821522150410426396_n



Врати се горе ↑